Почитувани Потрошувачи,
Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги и затоа Ве молиме внимателно да ги прочитате истакнатите Услови за користење.
Со користењето на нашите страници mojtoner.mk and apollo.mk и услугите на веб продажбата на АПОЛО ДООЕЛ, значи дека сте согласни и запознaени со нашите Услови на користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови на користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, ниту услугите понудени на истата.
Идентитет и контакт на податоците на Контролорот:
Назив: Друштво за трговија и услуги АПОЛО Ратко ДООЕЛ експорт-импорт Скопје
Седиште: НИКОЛА ПАРАПУНОВ бр.27-3/5 СКОПЈЕ - КАРПОШ
e-mail: contact@apollo.com.mk
Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:
Име и презиме: Јелена Калиниќ
Тел.број: 02 3092-958 лок.104
e-mail: jelena@apollo.com.mk
1. Политика за Приватност
Со цел да се овозможи користење на услугата за веб продажба преку mojtoner.mk and apollo.mk, која детално е опишана во делот насловен: “Како да купам” и “Информации за испорака”, неопходно е АПОЛО ДООЕЛ да прибира и да обработува одредени Ваши лични податоци. Конкретно, потребни ни се Вашето име и презиме, адреса на живеење, e-mail адреса и телефонски број. Овие информации ги давате во моментот на Вашата регистрација на нашата веб-страна и понатаму во моментите на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на АПОЛО ДООЕЛ за наведената цел.
Вашите лични податоци ќе се користат исклучиво со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка и да ја наплатиме цената за продадените артикли и цената на услугата. Дополнително, со Ваша согласност, Вашите лични податоци ќе се користат за да Ве информираме за нашите понуди и попусти. Исто така, Вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите кои ги нуди нашата веб-страница, како и АПОЛО ДООЕЛ воопшто, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на услугите.
АПОЛО ДООЕЛ ќе ги користи сите собрани лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени. Исто така, личните податоци ќе бидат чувани во рок и на начин јасно предвидени во согласност со Законот за заштита на лични податоци и сите останати применливи закони, како и сите технички и организациски мерки за безбедност. Како субјект на лични податоци, Вие имате право во секое време да побарате информација за тоа кои лични податоци ние ги поседуваме за Вас, да побарате нивна исправка доколку истите не се точни или да побарате нивно бришење. Покрај тоа, доколку претходно сте дале согласност, можете да побарате повеќе да не Ви се испраќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци.
Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република С. Македонија.
За сите барања и дополнителни информации Ве молиме обратете се на sales@mojtoner.mk или на 02/3092-995.
Користењето на нашата веб продажба не е возможно без Вашите лични податоци, а Вашата регистрација претставува согласност АПОЛО ДООЕЛ да ги собира и обработува Вашите лични податоци за целите и на начинот опишан во овие Услови на користење.
2. Кои лични податоци ги собираме и начин на собирање на личните податоци
Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашите интернет страници, нашиот web сервер привремено го регистрира Вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата односно посетата на интернет страниците.
Исто така, во одредени случаи запишуваме информации во форма на „Колачиња (анг. Cookies)“ на Вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на интернет страниците според Вашите потреби и навики. „ Колачиња (анг. Cookies)“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „ Колачиња (анг. Cookies)“ можат да бидат искористени само за потребите на web услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена.
Вашите лични податоци ги обработуваме само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата страна заради користење на наши производи и услуги согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија. Податоците при Вашата регистрација на интернет страницата и при користење на услугата за on-line купување се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте го Известувањето за користење на колачиња).
При Ваша регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, АПОЛО ДООЕЛ ги собира и обработува Вашите лични податоци, и тоа: Вашето име и презиме, адреса, телефонски број и адреса на е-пошта. При користење на услугата On-line купување, АПОЛО ДООЕЛ ги собира и обработува Вашите лични податоци, и тоа: Вашето име и презиме, адреса, телефонски број и адреса на е-пошта. При користење на услугата Рекламација и враќање на производ АПОЛО ДООЕЛ ги собира и обработува Вашите лични податоци и тоа: Вашето име и презиме, телефонски број, адреса на е-пошта и трансакциска сметка.
При користење на услугата Контакт во Информации, АПОЛО ДООЕЛ ги собира и обработува Вашите лични податоци, и тоа: Вашето име и презиме, адреса на е-пошта и телефонски број.
Дополнително, нашата интернет страна користи алатка „Колачиња“ со која врши собирање на податоци како што се: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користите при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник. Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согласност и прифаќање на нашата алатка за „Колачиња“. За повеќе детали Ве молиме прочитајте го Известувањето за користење на колачиња.
3. За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?
АПОЛО ДООЕЛ ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:
- овозможување на on-line користење на нашите услуги и производи;
- администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;
- навремено информирање на корисниците за своите производи, како и за сите акции и промоции на своите производи (директен маркетинг), Ве молиме видете за повеќе детали во точка 5;
- за реализација на on-line нарачките достапни на интернет страниците www.mojtoner.mk/www.apollo.mk (навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли)
- за рекламација за производ;
- за контакт по пат на електронска пошта.
4. Начин на обработка на Вашите лични податоци и рокови на чување на Вашите податоци
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Контролорот коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.
Обработката на Вашите лични податоци АПОЛО ДООЕЛ ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Дополнително,АПОЛО ДООЕЛ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои АПОЛО ДООЕЛ има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон. Личните податоци при Ваша регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, АПОЛО ДООЕЛ ги обработува се до повлекување на согласноста, односно до моментот кога ќе одлучите да го избришете Вашиот профил или ќе побарате ние тоа да го сториме за Вас. За личните податоци при користење на услугата On-line купување, АПОЛО ДООЕЛ има законска обврски да ги чува сите документи и записи со Вашите лични податоци, а кои се однесуваат на реализирани продажби и плаќања, во рок од 3 (три) години или подолг законски рок (доколку е пропишан со закон) кој е задолжителен за чување на сметководствена документација и исправи кои се однесуваат на платен промет согласно Законот за архивско работење.
Личните податоци при користење на услугата Контакт АПОЛО ДООЕЛ ги чува се до повлекување на Вашата согласност, освен доколку истите се дадени заради реализација на Ваши права во врска со купен производ, во кој случај АПОЛО ДООЕЛ ги чува податоците во рок од 3 (три) години или подолг законски рок (доколку е пропишан со закон) кој е задолжителен за чување на сметководствена документација и исправи кои се однесуваат на платен промет согласно Законот за архивско работење.
5. Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојни настани. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас.
Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.
При регистрација како нов корисник, имате право да ја дадете својата согласност со испраќање на е-маил порака: Сакам да добивам новости на мојата е-маил адреса. Оваа опција не претставува услов за да се регистрирате како нов корисник.
Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција.
Или, Вашите права може да ги остварите на едноставен начин со контакт на:
Е-маил адреса: sales@mojtoner.com.mk и sales@apollo.com.mk
Контакт телефон: +389 3092-958 лок. 103
6. Вашите права како субјекти на лични податоци
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:
- да се информирате од АПОЛО ДООЕЛ околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;
- да побарате од АПОЛО ДООЕЛ да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, пришто АПОЛО ДООЕЛ треба да постапи по истото во рок од 15 дена и да изврши исправка на личните податоци;
- да побарате од АПОЛО ДООЕЛ да ја ограничи обработката на лични податоци со соодветно означување кои личните податоци ќе се чуваат;
- да побарате од АПОЛО ДООЕЛ да ги избрише Вашите лични податоци, при што АПОЛО ДООЕЛ има обврска да ги избрише личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци;
- да поднесете барање до АПОЛО ДООЕЛ со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци;
- да поднесете приговор до АПОЛО ДООЕЛ за начинот на обработката на Вашите лични податоци; и
- да се одјавите/откажете од обработка и користење на Вашите лични податоци во АПОЛО ДООЕЛ за цели на директен маркетинг.
За остварување на овие права, може да не контактирате на:
Е-маил адреса: sales@mojtoner.com.mk и sales@apollo.com.mk
Контакт телефон: +389 3092-958 лок.105
или можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци:
Име и презиме: Јелена Калиниќ
Контакт телефон: 3092-958 лок.104
Е-маил адреса: jelena@apollo.com.mк
Доколку имате приговор на начинот на обработка на Вашите податоци во АПОЛО ДООЕЛ, имате право да се обратите и до:
Агенција за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, Скопје https://www.dzlp.mk/
info@privacy.mk
7. Давање податоци на користење на трети лица
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.
8. Пренос на лични податоци во други држави
АПОЛО ДООЕЛ не врши пренос на лични податоци во трети држави.
9. Промена на Политиката за приватност и Условите за користење
АПОЛО ДООЕЛ го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите за користење. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени, а со оглед на тоа дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.
Условите за користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република С. Македонија.
Политиката за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
10. Гаранции и одговорности
АПОЛО ДООЕЛ со ЕДБ 4030999366091 ги управува страниците mojtoner.mk and apollo.mk од своето седиште на ул. Никола Парапунов бр. 27/3-5 1000 Скопје. На овој начин, АПОЛО ДООЕЛ гарантира дека содржината на овие веб-страници, како и условите за нивното користење, се во согласност со законската регулатива на Република С. Македонија. Од друга страна, АПОЛО ДООЕЛ не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.
Доколку ги посетувате овие веб-страници или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република С. Македонија, тоа го правите свесни за последиците и со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страните или ги користите нивните услуги.
Дополнително, АПОЛО ДООЕЛ не одговара за и целосно се оградува од содржината која ја има на веб-страниците до кои се стига преку линковите истакнати на нашата страница. Тие линкови водат до веб-страниците на самостојни правни субјекти. Доколку ги користите овие линкови Вие ја напуштате нашата веб-страница. АПОЛО ДООЕЛ не ја контролира содржината и безбедноста на овие страници, ниту при објавување на линковите, ниту пак следи дали на истите настануваат некакви промени. Како резултат на тоа АПОЛО ДООЕЛ не одговара ниту е должен да дава изјави и информации за содржината на тие веб-страни, нивниот софтвер, производите и материјалите кои се наоѓаат таму, или пак за било каквите последици од нивното користење. Доколку се одлучите да користите било кој од линковите на нашата страна кои водат до други страни, тоа го правите на сопствен ризик.
АПОЛО ДООЕЛ нема обврска да ја контролира или прегледува соржината на изјавите на корисниците како и нивната меѓусебна комуникација која се одвива на овој веб- сајт. Сепак, АПОЛО ДООЕЛ има право да ја отстрани содржината објавена од корисниците, доколку смета дека таа се состои од навреди, клевети, закани или други работи кои не се прифатливи. АПОЛО ДООЕЛ не е одговорен за повредите кои ќе ги сторат трети лица на веб-сајтот, без оглед дали таа повреда ги крши правата на лицата кои се гарантирани со важечките закони на Репубика С. Македонија.
АПОЛО ДООЕЛ Скопје не гарантира дека нарачаниот производ го има на залиха. Процесирањето на нарачки се врши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Доколку во моментот на процесирање на нарачката нарачаниот производ го нема на залиха, АПОЛО ДООЕЛ се обврзува во рок од 7(седум) работни дена да Ве извести за недостапноста на истиот.
11. Достава
Курирската служба врши превземање на пратките од магацинот на АПОЛО ДООЕЛ секој работен ден од понеделник до петок од 8-15 h, со вообичаен рок на достава на Вашата адреса од 24ч. на територијата на град Скопје, додека за адреси во внатрешноста, вообичаен рок е 48ч. Доколку превземањето е во петок или пред празник, за испораката вообичаено се потребни еден односно два работни дена. За испораката да биде успешна потребно е да бидете присутни на адресата посочена за достава.
Само доколку има проблем со достапноста на производите, или се работи за производи на барање, нашиот оператор ќе Ве исконтактира во рок од еден до два работни дена. Доколку нарачката е направена во петок после 12 ч., викенд или за време на празници, операторот ќе стапи во контакт со Вас на почетокот на наредната работна недела.
12. Право на рекламација
Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали производот одговара на Вашата нарачка.
Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на описот, шифрата, количината или од други причини отстапува од нарачаниот производ, тогаш Вие имате право за доставениот производ да побарате замена во рок од 5 дена од денот на продажбата.
Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да нè информирате на sales@mojtoner.mk или sales@apollo.com.mk или на 02/3092-995 и тоа во рок од 24 од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.
Ако АПОЛО ДООЕЛ нема ист таков производ со кој ќе го замени доставениот несоодветен производ, тогаш Вие имате право да барате да Ви се вратат парите за истиот или да чекате производот да го замениме со соодветен кога ќе има таков. АПОЛО ДООЕЛ се обврзува да ве извести дали има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.
Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на трансакциската сметка која ќе ја наведете во Барањето за замена, или на начинот на кој што била извршена првобитната наплата.
13. Достава на производ со недостатоци
Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали постојат одредени недостатоци на доставениот производ.
Производот има недостатоци кога не ја исполнува општата обврска за безбедност утврдена подолу, односно не обезбедува онаква безбедност каква со право, врз основа на сите околности, лицето очекува да ја има, и тоа:
- врз основа на презентирање на производот;
- употребата за која е разумно дека производот ќе се користи;
- времето кога производот е пуштен во промет и
- кога не ја исполнува општата обврска за сообразеност утврдена во Законот за заштита на потрочувачи или договорните обврски.
Безбеден производ е секој производ кој во нормални или според разумно предвидливи услови на користење, вклучувајќи го и рокот на употребата, не претставува било каков ризик или ризикот е минимален и е соодветен на користа од употребата на производот и кој ги исполнува условите со кои се обезбедува висок степен на заштита на безбедноста и здравјето на луѓето, и тоа земајќи ги предвид:
- својствата на производот, вклучувајќи го неговиот состав, пакувањето, упатството за составување, употребување и одржување;
- дејството врз други производи каде што е логично дека ќе се користи заедно со други производи;
- презентацијата на производот, неговите ознаки, етикетирањето, упатствата за користење, фрлање и било какви други ознаки или информации дадени за производот и
- категориите на потрошувачи, особено децата и старите лица кои се изложени на ризик при користење на производот.
Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара:
- бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;
- сразмерно намалување на продажната цена;
- замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;
- замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на производната цена и
- раскинување на договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпената штета.
Потрошувачот нема право да го раскине договорот ако недостатокот на производот е минимален.
Потрошувачот за да ги оствари правата наведени погоре е должен да приложи соодветна потврда. АПОЛО ДООЕЛ е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила. Потрошувачот има право да присуствува при проверката на квалитетот на производот.
Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на трансакциската сметка која ќе ја наведете во соодветното Барање, или на начинот на кој што била извршена првобитната наплата.
14. Политики за користење на системот за електронска трговија.
Со самиот пристап на интернет страниците на mojtoner.mk and apollo.mk и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
АПОЛО ДООЕЛ ги задржуваа правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на овие страници.
15. Политика за заштита на личните податоци на корисниците на картички
АПОЛО ДООЕЛ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република С. Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. АПОЛО ДООЕЛ не сносува никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
АПОЛО ДООЕЛ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. АПОЛО ДООЕЛ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со Вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб порталот на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за online плаќање. При плаќањето со картичка преку интернет, внесот на податоците за картичката се врши на заштитена страница на банката, НЛБ Банка АД Скопје, при што АПОЛО ДООЕЛ во ниту еден момент нема пристап до податоците на Вашата платежна картичка. При внесувањето на податоците од платежната картичка, доверливите информации се пренесуваат по пат на јавна мрежа во заштитена (криптирана) форма со употреба на SSL протоколот и PKI системот, во моментов како најсовремена технологија. Сигурноста на податоците при купувањето, го гарантира процесорот на платежните картички, при што комплетниот процес на наплата се извршува на страницата на системот за наплата.
16. Политика и услови на доставување на производ и услуга
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку избраната курирска пошта на адресата која е наведена во порачката.
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на страниците mojtoner.mk and apollo.mk. АПОЛО ДООЕЛ настојува да обезбеди соодветни фотографии, цени и залиха на производите, но не може да гарантира дека секогаш се без грешка. Прецизноста за овие информации може да ја добиете на телефон 02/3095 958. Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка, со безготовинско плаќање на профактура или во готово при преземање од курирската служба.
Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.
17. Политика на поврат на средства по траксакција со платежни картички
АПОЛО ДООЕЛ ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.
18. Датум на објава на Услови на користење
17.11.2021 година