Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој АПОЛО ДООЕЛ Скопје како Контролор ги собира, користи и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму Вие, субјектите или корисниците) при посета на интернет страницата mojtoner.mk and apollo.mk и/или користење на услугата за веб продажба на АПОЛО ДООЕЛ, која е детално опишана во делот насловен: “Како да купам” и “Информации за испорака”. Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.
1. Кои лични податоци ги собираме и начин на собирање на личните податоци
Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашите интернет страници, нашиот web сервер привремено го регистрира Вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата односно посетата на интернет страниците.
Исто така, во одредени случаи запишуваме информации во форма на „Колачиња (анг. Cookies)“ на Вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на интернет страниците според Вашите потреби и навики. „Колачиња (анг. Cookies) “ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „ Колачиња (анг. Cookies)“ можат да бидат искористени само за потребите на web услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена.
Вашите лични податоци ги обработуваме само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата страна заради користење на наши производи и услуги согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија. Податоците при Вашата регистрација на интернет страницата и при користење на услугата за on-line купување се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте го Известувањето за користење на колачиња).
При Ваша регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, АПОЛО ДООЕЛ ги собира и обработува Вашите лични податоци, и тоа:
- Вашето име и презиме
- Адреса
- Телефонски број
- Адреса на е-пошта
При користење на услугата On-line купување, АПОЛО ДООЕЛ ги собира и обработува Вашите лични податоци, и тоа:
- Вашето име и презиме
- Адреса,
- Телефонски број
- Адреса на е-пошта
При користење на услугата рекламација и враќање на производ АПОЛО ДООЕЛ ги собира и обработува Вашите лични податоци и тоа:
- Вашето име и презиме
- Телефонски број
- Адреса на е-пошта
- Трансакциска сметка.
При користење на услугата Контакт во Информации(Поддршка), АПОЛО ДООЕЛ ги собира и обработува Вашите лични податоци и тоа:
- Вашето име и презиме
- Адреса на е-пошта
- Телефонски број
Дополнително, нашата интернет страна користи алатка „Колачиња“ со која врши собирање на податоци како што се: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користите при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник. Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согласност и прифаќање на нашата алатка „Колачиња“. За повеќе детали Ве молиме прочитајте го Известувањето за користење на колачиња.
Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од Ваша страна на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република С. Македонија.
2. За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?
АПОЛО ДООЕЛ ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:
- овозможување на on-line користење на нашите услуги и производи;
- администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;
- навремено информирање на корисниците за своите производи, како и за сите акции и промоции на своите производи (директен маркетинг), Ве молиме видете за повеќе детали во точка 4;
- за реализација на on-line нарачките достапни на интернет страниците mojtoner.mk and apollo.mk (навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли)
- за рекламација за производ;
- за контакт по пат на електронска пошта.
3. Начин на обработка на Вашите лични податоци и рокови на чување на Вашите податоци
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Контролорот коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.
Обработката на Вашите лични податоци АПОЛО ДООЕЛ ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Дополнително, АПОЛО ДООЕЛ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои АПОЛО ДООЕЛ има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон. Личните податоци при Ваша регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, АПОЛО ДООЕЛ ги обработува се до повлекување на согласноста, односно до моментот кога ќе одлучите да го избришете Вашиот профил или ќе побарате ние тоа да го сториме за Вас. За личните податоци, при користење на услугата On-line купување, АПОЛО ДООЕЛ има законска обврска да ги чува сите документи и записи со Вашите лични податоци а кои се однесуваат на реализирани продажби и плаќања, во рок од 3 (три) години или подолг законски рок (доколку е пропишан со закон) кој е задолжителен за чување на сметководствена документација и исправи кои се однесуваат на платен промет согласно Законот за архивско работење.
Личните податоци при користење на услугата Контакт во АПОЛО ДООЕЛ ги чува се до повлекување на Вашата согласност, освен доколку истите се дадени заради реализација на Ваши права во врска со купен производ, во кој случај АПОЛО ДООЕЛ ги чува податоците во рок од 3 (три) години или подолг законски рок (доколку е пропишан со закон) кој е задолжителен за чување на сметководствена документација и исправи кои се однесуваат на платен промет согласно Законот за архивско работење.
4. Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојни настани. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас.
Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.
При регистрација како нов корисник, имате право да ја дадете својата согласност со испраќање на е-маил порака: “Сакам да добивам новости на мојата е-маил адреса”. Оваа опција не претставува услов за да се регистрирате како нов корисник.
Вие имате право во секое време да побарате од АПОЛО ДООЕЛ да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција.
5. Вашите права како субјекти на лични податоци
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:
- да се информирате од АПОЛО ДООЕЛ околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;
- да побарате од АПОЛО ДООЕЛ да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, пришто АПОЛО ДООЕЛ треба да постапи по истото во рок од 15 дена и да изврши исправка на личните податоци; Барање за запирање на обработката на личните податоци
- да побарате од АПОЛО ДООЕЛ да ја ограничи обработката на лични податоци со соодветно означување кои личните податоци ќе се чуваат; СОГЛАСНОСТ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
- да побарате од АПОЛО ДООЕЛ да ги избрише Вашите лични податоци, при што АПОЛО ДООЕЛ има обврска да ги избрише личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци; Барање за запирање на обработката на личните податоци
- да поднесете барање до АПОЛО ДООЕЛ со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци; ОБРАЗЕЦ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТА НА СУБЈЕКТОТ НА ПОДАТОЦИТЕ
- да поднесете приговор до АПОЛО ДООЕЛ за начинот на обработката на Вашите лични податоци;
- да се одјавите/откажете од обработка и користење на Вашите лични податоци во АПОЛО ДООЕЛ за цели на директен маркетинг.
За остварување на овие права, може да не контактирате на:
Е-маил адреса: sales@apollo.com.mk
Контакт телефон: +389 3092-958 лок.105
или можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци:
Име и презиме: Јелена Калиниќ
Контакт телефон: 3092-958 лок.104
Е-маил адреса: jelena@apollo.com.mк
Доколку имате приговор на начинот на обработка на Вашите податоци во АПОЛО ДООЕЛ, имате право да се обратите и до:
Агенција за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, Скопје https://www.dzlp.mk/
info@privacy.mk
6. Давање податоци на користење на трети лица
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.
7. Пренос на лични податоци во други држави
АПОЛО ДООЕЛ не врши пренос на лични податоци во трети држави.
8. Промена на Политиката за приватност и Условите за користење
АПОЛО ДООЕЛ го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите за користење. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени, а со оглед на тоа дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.
Условите за користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република С. Македонија.
Политиката за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
9. Датум на објава на Политика на приватност
17.11.2021